Напаѓач на Милан – Пекинг – 60 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан ги трие рацете.

Кинезите продолжуваат да го тресат фудбалскиот пазар. Оскар, Витсел, Тевез… За Роналдо нудеа 300 милиони евра, за Обамејанг 150 милиони евра, а сега тргна и офанзивата на Карлос Бака.

Три кинески клуба се заинтересирани за колумбиецот кој Милан сака да го продаде, но најупорен е Пекинг Гуан. Клубот од престолнината има огромни финансиски средства, но нема резултати. Затоа решија да доведат едно големо засилување. На листата на желби се Арда Туран, Кристијан Бентеке, Весли Снајдер, Лукас Подолски… Карлос Бака е најблиску.

Арда и Бентеке ги одбија, Снајдер и Подолски не се атрактивни решенија и Бака е најблиску до потпис за Пекинг. Милан веднаш прифати 30 милиони за оштета и сега се е на Бака. Кинезите му понудија 3-годишен договор вреден 10 милиони евра по сезона. Така да целиот трансфер би чинел 60 милиони евра.

За Бака заинтересирани се и Тианџин Кванжан и Гванжу Евергранд, но уште немаат испратено понуда.