Наполи откри зошто заминал Игуаин!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Преминувањето на Игуаин од Наполи во Јувентус и понатаму е актуелна тема во Италија, па многу често во медиумите се појавуваат нови информации за тој трансфер.

Игуаин во Торино замина за 90 милиони евра, а навивачите на Наполи не можат да му го простат тоа. Освен навивачите, со тој потег не се помирија ниту членовите на клубот.

Де Лаурентис ја откри целата приказна.

„Кога потпишувавме договор со Игуаин го запознавме неговиот татко, кој е на една страна и неговиот брат кој е на друга. Беше тоа во Венеција, а тогаш потпишавме договор според кој тој би бил многу добро платен и ќе има клаузула од 95 милиони евра, односно 90 милиони за италијански клубови. Тогаш сите беа задоволни, а кога почнавме да разговараме за продолжување на тој договор, тука се појавија проблемите.“

„Преговорите за продолжување започнаа во јануари 2016 година, но неговиот брат Николас почна да кажува чудни причини поради кои и на крајот замина. Николас изјави дека Игуаин сака да игра со ѕвезди и бараше од нас да донесеме нови играчи.“

„Се тоа го зборуваше во сезона кога го срушивме рекородот по бројот на бодови и игравме одлично, а јас му одговорив дека не е само до Игуаин, туку дека цел тим е заслужен за тоа. На него му понудивме подобри услови и од Јувентус, но тој реши да замине. Игуаин сега игра во најсилниот клуб во Италија.“

Игуаин во дресот на Наполи одигра 146 натпревари и постигна 91 гол.