Наредното засилување на Сити Гвардиола го пронајде во Бенфика?


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Манчестер Сити е спремен во наредниот преоден рок својот тим да го засили со одличниот лев бек на Бенфика, Алекс Грималдо.

Граѓаните се во потрага по нов лев бек, откако Менди започна само 13 натпревари во првенството од доаѓањето во клубот.

Грималдо се остакна како прв избор на Гвардиола, а наводно скаутите на Сити го следат во последните неколку недели.

Мундо Депортиво тврди дека одличниот лев бек, кој постигна четири гола и запиша пет асистенции во дресот на Бенфика во оваа сезона го свртел вниманието кон себе од страна на Сити.

Исто така, совен Сити, тимот на Арсенал е заинтересиран за Грималдо, па веројатно и Арсенал ќе прати понуда за младиот репрезентативец на Шпанија.