Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Градот Мадрид е можеби најголемиот губитник во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Реал ја испушти предноста од Амстердам откако Душан Тадиќ оддржа час по фудбал на „Сантијаго Бернабеу“, додека Атлетико беше елиминиран од Јувентус и покрај двата погодоци предност од првиот меч.
Мадридските великани на тој начин загубија вкупно 45 милиони евра во однос на некои претходни сезони поради раната елиминација во елитното натпреварување.
Изминатата сезона освојувачот заработи 86 милиони евра, додека сега ќе мора да се задоволи со 20 помалку.
Од друга страна „Јорганџиите“ ќе инкасираат 65 милиони евра, 25 помалку отколку во сезоната 2016/17 кога играа во финалето од Лигата на шампионите.
За освојувачот оваа сезона следуваат 117 милиони евра што е значително зголемување во споредба со изминатата сезона.