Најдобриот состав на Милан во ерата на Берлускони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Берлускони по 30 години одлучи да го напушти Милан и тимот да го продаде на Кинезите кои имаат за задача да го вратат тимот во врвот на Европа.

Берлускони вчера официјално го продаде тимот на Кинезите, а се одлучи на овој потег поради тоа што стана свесен дека не може да се спротистави на богатите кои во последните години започнаа да управуваат голем број тимови.

Јасно е дека Берлускони е најуспешен сопственик на Милан во историјата, па ќе остане долго запаметен додека не го надмине некој друг.

Милан во ерата на Берлускони освои се што може да се освои. За овој клуб играа голем број од најдобрите играчи во светот. А во продолжение следуваат 11-те најдобро кои играа во време на Берлускони.

Голман – Себастијано Роси

Сигурно е дека 90% од навивачите не би го ставиле Роси на ова место, но тој помина 12 години во тимот. Бранеше 300 пати на голот на Милан, а освои 5 титули во Италија, ЛШ, две титули во УЕФА Супер купот, како и Интернационалниот куп.

Роси беше на голот на тимот кој во сезоната 1991/92 владееше со Италија, но и со Европа.

Десен бек – Алесандро Костакурта

Легендарниот Алесандро Костакурта за Милан одигра скоро 700 натпревари. За неговите успеси на „Сан Сиро“ не мора многу да се зборува. Тој беше 7 пати шампион на Италија, освои 5 титули во ЛШ, 4 во Купот на Италија и УЕФА Супер куп, како и два Интернационални купови.

Стопер – Франко Барези

Еден од најдобрите во својата генерација. Тој ги воодушеви сите со своите игри, а многумина го викаа „господин“ на теренот. Единствено пред него оваа „титула“ ја носеше Бекенбауер. Колку беше добар, зборува фактот дека МИлан го повлече бројот 6 од употреба во негова чест.

За Милан одигра 719 натпревари и 6 пати беше шампион на Италија, а освои и 3 титули во ЛШ.

Стопер – Алесандро Неста

Неста е фудбалер на кој најверојатно сите се сеќавате. Во Милан не беше долго како некои други, но успеа да остави голема трага. Одигра 326 натпревари, а освои 2 титули во Италија и 2 пати беше шампион во Европа со Милан.

Во Милан стигна во 2002 година од Лацио за тогаш рекордни 30 милиони евра, а моментално е тренер во САД, поточно го води тимот на Мајами.

Лев бек – Паоло Малдини

Малдини е најверојатно најлегендарниот играч кој го носеше дресот на Милан. „Вечниот“ капитен за Милан одигра над 900 натпревари, па испиша многу страници од историјата на клубот. Со Милан беше 7 пати шампион во Италија, а дури 5 пати ја освои ЛШ.

Тој играше само во Милан, па помина таму 24 години. Капитен на Милан стана во 1997 година кога се пензионираше Бареси.

Дефанзивен играч за врска – Франк Рајкард

Тој во Милан беше кога во клубот имаше многу играчи на Холандија.

Тој за Милан одигра над 200 натпревари во 90-те кога Милан владееше со Европа. Со Милан 2 пати беше шампион на Италија, а исто толку пати ја освои и ЛШ. Тој во 1992 година беше прогласен за најдобар играч во Италија поради своите фантастични игри.

Играч за врска – Андреа Пирло

Еден од ретките кои се наоѓа во овој избор, а сеуште игра активно фудбал. Би ни требале неколку денови да наброиме се што направи овој играч во својата кариера.

Иако во Италија играше за најдобрите клубови, треба да се биде реален и да се каже дека најдобрите денови во својата кариера ги помина на „Сан Сиро“.

Пирло во дресот на Милан одигра 401 натпревар, а шампион на Италија и Европа со нив беше 2 пати. Во 2011 година го напушти Милан, откако му заврши договорот и се пресели во Јувентус.

Играч за врска – Руд Гулит

Уште една легенда од Холандија која за кратко време остави длабока трага во Милан.

Тој за Милан одигра над 200 натпревари, 3 пати беше шампион на Италија, како и 2 пати ја освои ЛШ. Милан во 1987 година потроши 6 милиони за неговиот трансфер од ПСВ, а неколку месеци подоцна тој ја добри наградата за најдобар фудбалер во светот.

Напаѓачки играч за врска – Кака

Тој е најверојатно најдобриот фудбалер кој во последно време играл во дресот на Милан. Кака одигра над 300 натпревари за Милан, но не освои толку титули како неговите претходници на оваа листа.

Кака со Милан беше еднаш шампион на Италија, а исто така ја освои ЛШ еднаш. Познато е дека тој е последен играч кој ја освои „Златната топка“ пред доминацијата на Меси и Роналдо.

За Милан потпиша во 2003 година, а го напушти тимот во 2009 година за 35 милиони фунти и замина во Реал Мадрид.

Напаѓач – Андриј Шевченко

Тој во светот се претстави со одличните игри во Динамо Киев по што во 1999 година потпиша за Милан за 22 милиони фунти.

Тој без дилеми е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на клубот, поточно постигна скоро 200 голови пред да замине во Челси во 2006 година.

Шевченко како и Кака, по еднаш беше шампион во Италија и Европа, но со своите голови се смести на оваа листа.

Напаѓач – Марко Ван Бастен

Иако за Милан во историјата играа скоро сите најдобри напаѓачи, сепак место на оваа листа најде Ван Бастен. Тој со Милан 4 пати беше шампион во Италија и 2 пати ја освои ЛШ.

Кариерата ја заврши кога имаше 30 години поради проблеми со повреди. Сепак, тој важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

За Милан одигра над 200 натпревари и постигна 125 голови.

Треба да се споменат и Абијати, Дида, Кафу, Тасоти, Стам, Десаили, Анчелоти, Донадони, Албертини, Бобан, Сидорф, Амброзини, Гатусо, Савичевиќ, Инзаги, Ибрахимовиќ и Веа.