Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова може да биде „трансфер“ на векот!
Како што пренесуваат шпанските медиуми, компанијата “Најки“ спреми астрономска понуда да го украде Реал Мадрид од Адидас.
Наводно, компанијата „Најки“ чиј дрес го носи и Барселона, спремна е да понуди 120 милиони евра по сезона со цел Реал Мадрид дресовите и опремата да бидат со нивниот знак.
Ова би било и рекорд во оваа конкуренција, поради тоа што моментално Манчестер Јунајтед има најсилен договор со Адидас кој му плаќа 96 милиони евра по сезона.
Реал Мадрид лесно може да прифати да ја раскине соработката со Адидас кој дава три пати помалку пари од Најки – 40 милиони евра по сезона.
Инаку, бракот меѓу Адидас и Реал трае веќе цели 18 години, поточно од 1998 година кога почна соработката, а претходно Мадриѓаните ги облекуваше компанијата Келме.
Сепак, понуда која Реал ја има на маса може дефинитивно да го натера Флорентино Перез на кралско ново одело…