Најлошиот тим за есента – Руни, Гомеш, Санчез, па и Маскерано


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Така избра Goal.com.

Дебата ќе има и кога се избираат најдобрите, но посебна кога се работи за најлошите. Goal.com се одлучи прв да го состави тимот со разочарувањата за есенската полусезона.

Има звучни имиња. Не е тајна дека Вејн Руни, живата легенда на Манчестер Јунајтед долго трпи удари од сите страни, дека авантурата на Лорис Кариус на Енфилд не е како што се очекуваше, дека од дебитанската сезона на Ренато Санчез во Баерн се очекуваше повеќе, дека Андре Гомеш не е фудбалер како Чави или Андрес Иниеста…

За Крис Смолинг, Томас Вермален, Жофри Кондогбија, Пако Алкасер и Хесе Родригез нема потреба да трошиме зборови.

Не е скромно мислењето иако имаше и подобри години, дека на Хавиер Маскерано овде не му е местото. А, не сме сигурни за Руни.

Најлошиот тим: Лорис Кариус(Ливерпул), Хавиер Маскерано(Барселона), Крис Смолинг(Манчестер Јунајтед), Томас Вермален(Рома), Жофри Кондогбија(Интер), Андре Гомеш(Барселона), Ренато Санчез(Баерн Минхен), Вејн Руни(Манчестер Јунајтед), Габриел Барбоса(Интер), Пако Алкасер(Барселона), Хесе Родригез(ПСЖ).