На Киелини тешко му падна заминувањето на Калдара: Дечкото е жртва на доаѓањето на Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Киелини е свесен дека Јуве беше приморан да продаде некој, откако за 100 милиони евра го купија Роналдо. Жртвите очигледно се Игуаин и Калдара, кои завршија во Милан.

Иако се надеваше дека ќе добие шанса во Јувентус после двегодишната позајмица во Аталанта, талентираниот штопер мораше во замена за Бонучи да отиде на Сан Сиро.

„Беше играч кој овде добро работеше. Има се што треба за квалитетен штопер кој настапува за Јувентус.  Разбирам сепак каква беше ситуацијата и Јуве со тешко срце мораше да го продадe“, изјави Килеини.

„Се беше спремно за Калдара, но динамиката на трансфер пазарот е посебна и доаѓањето на Роналдо мораше да донесе некоја жртва. Нажалост Калдара беше дел од оваа ситуација. Тој е добар дечко, работеше добро и можеше да остане со нас долги години. Тој е добар човек и надвор од теренот и ќе се трудам да му помагам иако не е наш игра , додаде Киелини.