На контроверзиите им нема крај, Михајловиќ „дебело“ ќе го наплати отказот од Спортинг


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ ќе го тужи Спортинг Лисабон и ќе бара голема оштета поради отказот кој го доби само девет дена откако е поставен за нов шеф на стручниот штаб.

Адвокатот на српскиот тренер поднел тужба против португалскиот тим и бара оштета од десет милиони евра, иако според договорот требаше да добива по два милиони евра за три сезони во Лисабон.

Михајловиќ доби отказ затоа што во тие неколку денови колку што беше на чело на тимот се промени раководството на клубот, а новиот претседател посочил дека Србинот не е соодветно решение за клупата на Спортинг.