Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Брајтон се пласираа денес во четвртфиналето во англискиот ФА Куп бидејќи на домашен терен го совладаа Дерби Каунти со 2:1.
Премиерлигашот уште на стартот го наметна својот ритам, веќе во првото полувреме имаше предност од два гола разлика.
Прво Ентони Нокаерт го доведе својот тим во предност со погодокот во 33. минута, за Јирген Локади да ја зголеми предноста во втората минута од судиското продолжение.
Екипата на Френк Лампард одговори со нешто подобра игра во вториот дел од мечот, но се што Дерби можеше до крајот на средбата е да го ублажи поразот со погодокот во 81. минута на легендарниот Ешли Кол.