„На лицето на Буфон можеше да се види дека психички се разболе“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот Џанлуиџи Буфон во последно време не бранеше за Јувентус, но во продолжетокот од сезоната се очекува повторно да се врати помеѓу стативите на Старата дама.

Буфон беше во лоша форма откако Италија не успеа да избори пласман на  Светското првенство, а тој сонуваше после Мундијалот да се прости од фудбалот. За жал неговиот сон не се исполни и веројатно тоа многу го погоди Џиџи.

Аргентинецот Родриго Бентанкур за италијанските медиуми изјави дека Буфон едноставно се промени после бараж мечот против Шведска, играчот на Јуве кажа дека можело да се види на лицето на Буфон дека псичички се „разболе“ после тоа.

„Италијанците многу лошо го прифатија тоа што нема да играат на Мундијалот во Русија. Ужасно беше да се види лицето на Буфон после тоа, тој едноставно психички се разболе. Се надевам дека наскоро ќе се врати на голот појак од било кога, бидејќи тој тоа го заслужува“, изјавил Бентанкур.