На Лопетеги му нема спас, Перез најде нов тренер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид викендов продолжи со лошите настапи, па беше поразен од Алавес со 1-0 во Ла Лига.

„Кралевите“ се наоѓаат во голема резултатска криза, а тоа се покажа на последните натпревари.

Реалја почна лошо сезоната, па јасно е дека Хулен Лопетеги има проблеми со играчите и наскоро би можел да добие отказ.

Шпанските медиуми пишуваат дека Лопетеги наскоро ќе си ги спакува куферите и ќе замне од Мадрид.

Наводно, претседателот Флорентино Перез знае кој ќе биде нов тренер ако Лопетеги добие отказ.

„АС“ пишува дека Реал Мадрид е во контакт со поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте.

Перез нема ништо против Конте да ги преземе „кралевите“, но подготвен е да му даде уште една шанса на Лопетеги.