Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити и Тотенхем ремизираа на Итихад, 2:2 во натпревар од 22-то коло во ПЛ.
Манчестер Сити доминираше во првото полувреме. Имаа неколку одлични шанси да стигнат до водство, но Лорис беше фантастичен на голот и на полувреме се замина со 0:0.
На почетокот на второто полувреме Лерој Сане ја затресе мрежата на Лорис за водство на Манчестер Сити. Неколку минути подоцна голема грешка на голманот Лорис, а тоа го казни Де Брујн со погодок.
Четири минути после погодокот на Де Брујн, Тотенхем го намали водството со погодокот со глава на Деле Али. Во 77-ма минута Сон го израмни резултатот. Габриел Жесус можеше да го врати водството на граѓаните, но неговиот шут со глава беше непрецизен.
На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 2:2.