На Меси му претстои нов договор: Засекогаш останува „Каталонец“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лео Меси ќе потпише наскоро нов договор, најави претседателот на клубот, Џозеп Марија Бартомеу.

Меси, моментално е најплатениот фудбалер на планетата со 50 милиони евра нето годишно, сегашниот договор му истекува 2021. година, но Барселона планира да го задржи до крајот на кариерата на „Ноу Камп“.

„Лео Меси продолжува со нас. Тој е играч-клуб, односит со него се такви што тој засекогаш ќе остане во Барселона“, истакна Бартомеу, а пренесува Марка.

Меси од својата 14. година е во Барселона, а првиот тим постигна 581 погодок на 665 натпревари и освои се што можеше да се освои, меѓу кои се и четири трофеи во Лигата на шампионите.

Пет пати тој беше избран и за најдобар фудбалер на светот.