Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби поразот добро му послужи, но неговите барања се повторно одбиени.
Жозе Мурињо на натпреварот против Јувентус се обиде да покаже колку заостанува Манчестер Јунајтед зад водечките клубови во Европа. На него му се заканува отказ поради недоволното залагање , а како пример тој го наведе ривалот кој си играше со Црвените ѓаволи во вторникот.
,,Тука се гледа разликата, го имаа Игуаин, го доведоа Роналдо, тие не се задоволни со трофеи, секогаш сакаат повеќе, тоа е однесување на голем клуб”- рече Мурињо.
Потоа забележа дека Бонучи и Кјелини може да предаваат за одбрана на Хадвард, потсети дека тој го сакаше Бонучи но италјанецот не сакаше да ја напушта татковината.
,,Како да стигнеме до нивното ниво. Тие се голем тим од минатото, но гледаат напред, имаат се, купуваат топ играчи. Не е лесно да купете, но погледнавте колку се пред нас во сите елементи на игра”- додаде Мурињо.
Се пишува дека Вудворд ставил вето за ангажирање на Сергеј, дека тој сака прво Мурињо да продаде некого како би купиле играчи во јануари, што дополнително ги заострува односите.
И понатаму се зборува за понудата на Реал, но и Мурињо чека да го сменат бидејќи со овој тим нема да направи ништо.
Во тој случај би се договорил со англичаните и веројатно ќе размисли да се врати во Мадрид.