На нив лежи иднината: Топ 10 најголеми таленти во фудбалот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Старите заминуваат, а новите доаѓаат. Повторно и повторно клубовите ширум светот лансираат некои нови таленти, кои се спремни да го покорат фудбалскиот свет. Некои нас не воодушевуваат од прва, на некои им треба време за прилагодување, докажување и развивање, но на крајот се се сведува на истото – на нив ќе се гради темелот на некој нов, иден фудбал.

Поради тоа што спортот рапидно се развива, а од ден во ден се рушат се повеќе рекорди, се воведуваат нови технологии, се менуваат правилата, и така и децата се повеќе се развиваат.

Веќе сега цените на пазарот се ненормално високи, а наскоро може и да  пораснат.

Големите клубови во денешно време се „натпреваруваат“ во тоа кој ќе зграби некој талент бидејќи вредноста расте од ден во ден. А за некои деца од 17 години веќе се одбиваат понуди од 60 милиони евра…

*Забелешка: Играчите не се распоредени според квалитетот туку по случаен и слободен избор.

Ренато Санчез (19) Баерн Минхен

Овој млад португалски играч за врска покажа исклучителен квалитет кога е во прашање прегледот и креацијата, а неговата физичка доминација наспроти останатите врсници му овозможи со 19 години да ја предводеше Португалија до титулата на ЕВРО во Франција. Дете на Лисабон, се разви во Бенфика, а пред ЕВРО го купи Баерн од Минхен. Страшно купување на баварскиот гигант…

Емре Мор (19) Борусија Дортмунд

Турскиот офанзивен играч за врска има само 19 години, а веќе влезе во првата екипа на Фатих Терим во турската фудбалска репрезентација. Сент Етјен направи голема грешка кога пред година дена го одби тогаш 16-годишниот Мор и одби да му понуди договор после што младиот Турчин одработи проба.

Грешката не ја повтори Борусија Дортмунд, која во ова лето го доведе од Нордсјаленд и осигура голема заработка во иднина (ако се земе во предвид дека кога-тогаш ќе го продадат).  Не само заради заработка. Мор може да одигра една од клучните улоги кај разигрувачите во ротацијата на Томас Тухел. Сезоната е долга, а младиот Турчин сигурно ќе собере одредена минутажа.

Ли Сеунг Ву (18) Барселона

 

https://www.youtube.com/watch?v=mHN_xOzYons

Најголемиот јужноамерикански талент може да игра и поповлечен, но во принцип игра напаѓач и полушпиц. Има 18 години, а во Барселона стигна кога имаше само 12 години. Ја доби наградата МВП неколку пати и се смета за еден од најголемите таленти на Ла Месија. Запиша еден настап за Барселона Б во 2015 година, а несомнено го чека блескава иднина.

Маркус Рашфорд (18) Манчестер Јунајтед

Кога со 18 години ќе дебитирате за У-21 репрезентацијата на Англија, а веќе порано сте дебитирале за сениорската, тогаш знаете дека вредите и дека сте предодредени за големи работи. Ако на контото имате и голови во дебито за Манчестер Јунајтед, во Европската лига и анјглиската репрезентацијата, а постигнете хет-трик на дебито за У-21 прашање е дали ќе можете да постигнете повеќе од тоа во тие години. Јунајтед има златка кокошка, а благодарие на Ван Гал кој го препозна неговиот талент. Маркус Рашфорд сигурно со години ќе ги полни противничките мрежи, а пред него е голема кариера.

Џанлуиџи Донарума (17) Милан

Италија долго не видела ваков фудбалски талент. Уште откако се појави неговиот имењак Џанлуиџи Буфон. Интересно е дека Буфон за Аѕурите дебитираше во 1997 година под Чезаре Малдини. Донарума тогаш сеуште не беше роден (роден е во 1999 година), а денеска двајцата се во првиот тим на италијанската репрезентација – Буфон како прв, а Донарума како негов наследник и втор голман. Младиот голман на Милан доби шанса под тренерската палка на Синиша Михајловиќ во 2015 година и од тогаш е незаменлив меѓу стативите на италијанскиот гигант.

Челси во летниот преоден рок во 2016 година за него понуди 60 милиони евра, но таа понуда е одбиена.

Јанис Хаџи (17) Фиорентина

Синот на големиот романски фудбалер Ѓеорѓе Хаџи е роден во Истанбул додека неговиот татко играше за Галатасарај. Младиот Романец (17) може да игра како играч за врска и крило подеднакво добро, а гласи за најголем романски талент. Ги помина сите турски репрезентации, почнувајќи од У-15, а во 2016 година потпиша договор со Фиорентина.

Хулијан Бранд (20) Баер Леверкузен

Младите категории ги помина во Обернулад во Волфсбург, а се калеше во втората екипа на Баер од Леверкузен. Младиот крилен напаѓач на Германија Хулијан Брандт (20) пронајде место под сонцето во екипата на Роџер Шмит и во целост ја оправда довербата.

За Баер Леверкузен запиша 65 лигашки настапи и постигна 15 голови, а беше и дел од составот на Германија на ОИ во Рио која го освои сребрениот медал после поразот во финалето од Бразил на Нејмар. Го краси одличен преглед на игра и додавања во клучниот момент додека и добар е и изведувач  на слободни удари.

Осман Дембеле (19) Борусија Дортмунд.

Во 2010 година Рен направи еден од најдобрите потези во последно време. Го доведе тогаш детето Осман Дембеле од Евро и го пуштија лесно да се развива.

Четири години помина во школата на Рен а во 2014 година да заработи промоција во втората екипа. Сезона подоцна, 2015/16 се лансираше во фудбалските висини.

Со одличните игри во тандем со Џовани Сио, Дембеле заработи трансфер во Борусија Дортмунд. Се смета за еден од најнаталентираните напаѓачи на светот, а ако некаде има место за докажување и дополнителен развој тогаш тоа е Борусија Дортмунд.

Марко Асенсио (20) Реал Мадрид)

Брз, подвижен, технички поткован, талентиран, со одличен финиш…Бројни се епитети кои можат да го опишат младиот ас на Реал Мадрид Марко Асенсио… Кога во 2014 година стигна од Маљорка никој не можеше да замисли дека релативно брзо ќе најде место во првиот состав на Реал.

Нормално, се тоа се случи во отсуство на Кристијано Роналодо што никако не го намалува успехот на младиот Шпанец.

Сезоната 2014/15 ја помина на позајмица во Маљорка додека во минатата сезона ја одигра во Еспањол.

Некој порано, некој подоцна…На Асенсио требаше малку време да ја покаже класата и заработи доверба од Зинедин Зидан. За Реал во оваа сезона веќе запиша гол, а нема сомнеж дека ќе бидат уште. Многу повеќе.

Џошуа Кимих (21) Баерн Минхен

Постоеја некои одредени сомнежи кога се појави младиот Џошуа Кимих, но играчот за врска на сите им ги запечати устите и покажа дека младиот играч за врска може да се избори за свое место во екипата како што е Баерн.

Во пеколната конкуренција во средниот ред на Баерн, Кимих успеа да запише 24 лигашки настапи за Баварците.

И не само тоа. Заработи и повик од Јоаким Лев во репрезентацијата за која настапи седум пати и меѓу останатото и на ЕВРО во Франција. Сеуште е млад и пред него стои голема кариера.