На ова момче треба да се обрати внимание!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скаутите на бројки европски клубови се упатија во Монпеље.

Кога соевремено Монпеље го изненади фудбалскиот свет и ја освои Лига 1 неколку првотимци израснаа во врвни играчи.

Прво Оливие Жиру, кој во таа сезона ги носеше до титула, издејствува трансфер во Арсенал, Јунес Беланда важеше за некој кој може да експлодира, но Мароканецот отиде за пари во киевски Динамо, и сега пробува да ја врати кариерата на вистински пат во Ница.

Иако сега не се ни блиску од тој пласман од 2012 година, и понатака во тимот имаат многу талентирани фудбалери.

Сепак, едно име се издвојува, а тоа е најдобриот стрелец на екипата Стив Муние.

Овој напаѓач има 22 години, продукт на фудбалската школа на Монпеље, висок е 190 см, а настапува за репрезентацијата на Бенин, за која веќе настапи во седум наврати, а успеа да постигне и три погодоци во дресот на својата репрезентација.

Во последно време игра феноменално, постигна на последните седум меча исто толку голови, два гола даде на Бастија, а по еден мрежата на противникот ја погодуваше на Нанси, Сент Етјен, Ница, Нант и Генгам.

Токму во мечот со Генгам пред недела дена, беше стрелец на одличен погодок.

Тој фантастично реагираше после шутот на еден од своите соиграчи и ефектно, со пета ја смести топката во мрежата.

Вкупно досега на 25 настапи во Лига 1 постигна 13 голови, се карактеризира со одлична игра во скок и голема пожртвуваност на теренот, како и добра завршница.

Било како било, Стив Муние може да биде “следна голема работа“ во францускиот фудбал но и европскиот фудбал, ќе видиме дали ќе успее да направи исчекор во својата кариера во ова лето.