Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
На германскиот фудбалер од редовите на Арсенал, Месут Озил, конечно му се исполни желбата.
Имено, на англискиот фудбалер Вилшер му заврши договорот во редовите на Арсенал на крајот на сезоната, а неговата ,,десетка” ја првезеде токму Озил.
Колку за потсетување некогашниот фудбалер на Реал Мадрид од доаѓањето во Арсенал го носи бројот 11, но секако десетката е далеку попримерен број за позицијата на која тој игра.
Ова е барем мала утеха за Озил кој пред неколку дена заедно со својата репрезентација беа елиминирани на Светското првенство во Русија поради што сигурно жали.
Вестта за промената на бројот ја објави и Арсенал на официјалниот Твитер профил.
? https://t.co/9DZLu3JCYG pic.twitter.com/FHadWQ8yLJ
— Arsenal FC (@Arsenal) July 3, 2018