Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонецот повторно жестоко реагираше, сега ќе мора да реагира дисциплинската.
Дисциплинската комисија на Лига Примавера ќе ги разгледува потенцијалните казни за фудбалерот на Барселона Жерар Пике поради новите жестоки реакции на судењето во шпанското првенство.
Пике ги нападна судиите на Твитер поради пеналот за Реал Мадрид, истакнувајќи дека истиот судија го „честеше“ најголемиот ривал во два наврати, на истиот стадион каде што Барселона е оштетена и дека со тие одлуки „кралскиот“ клуб освои дури осум бодови повеќе отколку што заслужуваат.
Дисциплинската комисија судејќи по се сега не сака да молчи на критиките на Пике, напротив, шпанските медиуми тврдат дека повеќе нема на никого да ги толерираат јавните испади на друштвените мрежи.
Со оглед дека ќе земат дека на Пике ова не е прв пат јавно да ги критикува „двојните аршини“ на судиите во Примера, и поради тоа не е исклучено да биде казнет.
Сеуште не е познато какви казна може да добие Жерар Пике, но веројатно е невозможно да е суспендиран на теренот.