На повидок јануарска „бомба“: Рабио се сели во Италија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Адриен Рабио иако беше мета на неколку европски гиганти, сепак на крајот остана во „Паркот на принцоците“.

Сепак, познатиот италијански агент Џузепе Боцо тврди дека Французинот би можел веќе во јануари да се пресели во Серија А, бидејќи договорот на Рабио со ПСЖ истекува на крајот на сезоната.

Боцо е еден од најпознатите европски агенти и во интервју за „Тутоспорт“ истакна дека со новите правила на УЕФА трансфер пазарот во јанури ќе биде многу поинтересен.

Имено, според новото правило клубовите ќе имаат можност во јануари да пријават по двајца нови фудбалери во Лига на шампиони и Лига Европа, иако истите веќе настапувале за други клубови во европските натпреварувања.

„Со новото правило на УЕФА трансфер пазарот во јануари ќе биде вистински и ќе бидеме сведоци како големи фудбалски имиња ги менуваат клубовите“, изјави Боцо, кој потоа откри кој би можел да биде назвучен трансфер.

„Мислам дека Рабио сигурно ќе ја промени средината во јануари. Неговиот договор со ПСЖ истекува на лето и одбива да го продолжи. По тоа што го знам јас, Рабио ќе пристигне во Италија во јануари. Милан е фаворит пред Јувентус за неговиот потпис“, изјави Боцо.