На поранешниот претседател на Барселона му се закануваат 11 години затвор


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанското државно обвинителство побара 11 годишна затворска казна за поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росељ.

Росељ е обвинет за перење пари преку формирање на злосторнички организации преку кои испрал над 35 милиони долари.

Сандро Росељ беше приведен во мај 2017 година и од тогаш се наоѓа во притвор чекајќи го почетокот на судењето.

Поранешниот прв човек на Каталонците се сомничи дека во соработка со поранешниот претседател на Бразилскиот фудбалски сојуз, Рикардо Тешеира во Јужна Америка испрале над 35 милиони долари. Росељ се обвинува дека и покрај законите ги продавал маркетиншките права на Барселона, а приходите биле спроведени низ работните книги во даночните оази, а не во Шпанија.