Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалија и Хрватска синпќа ремизираа во пријателскиот дуел. Беше 1-1 а публиката можеше да види отворен меч во кој не недостасуваше возбудувања.
Треба да се истакне дека првото полувреме на овој меч го одбележа и неугодната повреда на дефанзивецот на Хрватска, Домагој Вида кој после сударот со голманот Калиниќ, остана да лежи на теренот.
Калиниќ истрча да шутне една топка, но наместо топката, го удари Вида во раката и првично се чинеше дека се работи за тешка повреда.
Сепак, на крај црните мисли не се остварија, а Вида наскоро ќе биде на терените, како што потврди и медицинскиот тим на Хрватска.
„Вида после сударот имаше јака контузија на надлактицата, но на прегледот на ренгенската снимка не се видеа некои поголеми повреди и би требало наскоро да биде спремен“, порача лекарот на хрватската репрезентација Зоран Бахтирајевиќ.
Хрватска во вторник ја очекува меч против Шпанија во Лигата на нациите.
Portekiz-Hırvatistan maçında Domagoj Vida’nın sakatlandığı pozisyon… Vida tedavisinin ardından yeniden oyun alanına döndü… pic.twitter.com/elAZlaZlpj
— Hünkar Mutlu (@hunkarmutlu) September 6, 2018