На Сигнал Идуна Парк падна германското чудо – Обамејанг му пресуди на Лајпциг (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд победија минимално на Сигнал Идуна Парк против Лајпциг во натпревар од 19-то коло во Бундеслигата, 1:0.

Лајпциг се закани преку Орбан во 26-та минута кој шутираше со глава, но тоа беше лесен плен за голманот Бурки. Осман Дембеле нафрли, а Пјер Емерик Обемајенг со глава погоди во празната мрежа за водство на милионерите, 1:0.

После 45 минути игра Борусија Дортмунд имаше минимално водство, 1:0.

Во второто полувреме Ројс и Обамејанг имаа шанси за погодок, но не ги претворија во погодоци. Ројс седум минути пред крајот на натпреварот шутираше непрецизно.

Домашните фудбалери имаа шанса да го зголемат водството преку Ројс, но неговиот шут беше одбранет. Борусија Дортмунд на крајот се радуваше и ја запиша деветата победа оваа сезона во Бундеслигата.