На челниците на ПСЖ нема да им се допадне кога ќе видат каде се наоѓа Нејмар


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Нејмар се повреди на крајот од јануари на мечот против Стразбур и според проценките неговото опоравување ќе трае барем три месеци, но очигледно бразилскиот напаѓач е веќе добро.

Имено, Нејмар е снимен како лудува на карневалот во Бразил, без обзир што во Париз скапо ја плаќаат секоја негова минута и се грижат за неговото здравје.

Очигледно нема да им биде сеедно на челниците на ПСЖ кога ќе ги погледнат фотографиите од Нејмар во Бразил. Поранешниот напаѓач на Барселона на улиците во Рио привлече многу внимание.