На Јунајтед не му беше доволно за победа ниту играч повеќе ниту пенал – Фантастичниот Боруч му донесе бод на Борнмут (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Борнмут ремизираа на Олд Трафод во натпревар од 27-мо коло во ПЛ, 1:1.

На почетокот на натпреварот Артур Боруч го одбрани заканувачкиот удар на Погба. Потоа голманот на Борнмут го запре и Мартијал. Во 23-та минута Рохо погоди за водствот на црвените ѓаволи.

Пет минути пред крајот на првото полувреме Џонс направи прекршок во казнениот простор, а гостите добија пенал. Кинг од белата точка постигна погодок за израмнување на резултатот.

Борнмут остана со фудбалер помалку во финишот на првото полувреме бидејќи Шурман доби црвен картон.

Погба и Руни пропуштија шанси за погодок и водство на Манчестер Јунајтед. Во 71-ва минута Смит играше со рака во казнениот простор, а црвените ѓаволи добија пенал.

Од белата точка шутираше Ибрахимовиќ на кој му беше одбранет од ударот од Боруч. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, 1:1.

Јунајтед ќе остане на шестата позиција и ќе има исто бодови со петопласираниот Ливерпул кој го нема одиграно натпреварот од 27-мо коло, а црвените ѓаволи имаат еден натпревар помалку од клубот од Енфилд.