НБА клуб беше домаќин на Менди, но го утнаa тимот за кој настапува

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди претходните денови беше гостин на НБА тимот Минесота Тимберволвс.

Францускиот фудбалер таму имаше средби со неколку кошаркари, а на официјалната страница на Минесота беше поставена фотографија од Менди заедно со Џорџуи Диенг. И двајцата имаат потекло од Сенегал, а она што предизвика реакција на фановите е тоа што луѓето задолжени за Твитер профилот на клубот направија неверојатна грешка.

Имено, од таборот на Минесота го претставија Бенџамин Менди како фудбалер на Манчестер Јунајтед, а не на Сити.