НБА-ѕвездите со огромна поддршка кон повредениот Нуркиќ (ФОТО)


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Јусуф Нуркиќ е главна тема во НБА-лигата, откако доживеа страшна повреда на ногата на мечот меѓу Портланд и Бруклин.

Нуркиќ го одигра најдобриот меч во сезоната, откако постигна 32 поени и 16 скокови, но на средината на второто продолжение тоа остана во сенка, откако ја скрши ногата.

Сите кои следат НБА останаа во шок поради повредата на најдобриот босански кошаркар, а поддршка за Нуркиќ пристигнува од цел свет.

Преку социјалните мрежи се огласија голем број ѕвезди од НБА, кои во овие тешки моменти решија да му дадат поддршка на Нуркиќ.

На социјалните мрежи се огласија Лука Дончиќ, Двејн Вејд, Демаркус Казинс, Блејк Грифин…