Неверојатен број на фудбалери од ПЛ заминуваат на афричкиот куп на нации


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Афричкиот куп на нации ќе ги собере најдобрите фудбалери и репрезентации од 14-ти јануари до 5-ти февруари, а натпреварувањето ќе се одржи во Габон.

Голем број на фудбалери од европските лиги ќе учествуваат на ова натпреварување, а најголем удар ќе има англиската ПЛ каде играаат голем број на афрички фудбалери.

Дури 26 фудбалери се спремни од ПЛ за настап на афричкиот куп на нации, а добри вестите се за Ливерпул и ВБА чии фудбалери Жоел Матип и Алан Нјом не сакаат да играат за Камерун.

Изненадувачки е што репрезентацијата на Нигерија не се пласира на завршниот турнир, па така во Габон нема да ги гледаме Виктор Мозес, Алекс Ивоби и Келечи Ихеаначо.

 

Арсенал – Мохамед Елнени(Египет)

Борнмут – Макс Градел(Брегот на Слоновата Коска), Бенфик Афобе(ДР Конго)

Кристал Палас – Вилфрид Заха(Брегот на Слоновата Коска), Бакари Сако(Мали)

Евертон – Идрис Гуеје(Сенегал)

Хал – Ахмед Елмохамади(Египет), Диеумерси Мбокани(ДР Конго)

Лестер – Ријад Марез(Алжир), Ислам Слимани(Алжир), Даниел Амарти(Гана), Џефри Шлуп(Гана)

Ливерпул – Садио Мане(Сенегал)

Манчестер Јунајтед – Ерик Бејли(Брегот на Слоновата Коска)

Саутемптон – Софиане Буфал(Мароко)

Стоук – Вилфрид Бони(Брегот на Слоновата Коска), Маме Бирам Диоуф(Сенегал), Рамадан Собхи(Египет)

Сандерленд – Вахби Кхазри(Тунис), Ламин Коне(Брегот на Слоновата Коска), Дидиер Ндонг(Габон)

Вотфорд – Нордин Амрабат(Мароко), Адлене Гуедиоура(Алжир)

Вест Хем – Андре Аје(Гана), Софиане Феигули(Алжир), Чеику Кујате(Сенегал)