Неверојатен пресврт на Уникаха за трофеј во Еврокупот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Уникаха од Малага победија како гости во Валенсија со 63:58 во третиот натпревар од финалната серија во Еврокупот и така стигнаа до трофејот.

Валенсија скоро цел натпревар водеше, но на 2 и пол минути пред крајот Смит, кој спиеше во првото полувреме, им ја донесе првата предност на гостите.

Таа тројка беше најважна во натпреварот. Валенсија немаше сили да го врати ударот и постигнаа само 4 поени во последната ¼-на.

Гостите до победа ги однесе Диаз со 12 поени, Смит постигна 10 додека кај Валенсија најдобар беше Дубљевиќ со 16 поени.