Неверојатен рекорд на Манчестер Јунајтед


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед има неверојатен рекорд кој со сигурност ќе расте во иднина со оглед на играчите кои ги поседуваат во својот тим.

Имено, играч од академијата на клубот е вклучен на секој натпревар на Манчестер Јунајтед уште од 30 октомври 1937 година, што значи точно 80 години до денес.

На последниот натпревар против Тотенхем (1:0 победа за Јуанјтед) на „Олд Трафорд“ во составот беа Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Скот Мектомини, играчи произлезени од академијата на клубот.

Со талентираниот голман Џоел Переира, младиот играч од дефанзивата Аксел Туанзебе и еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Пол Погба, се чини дека рекордот на последователни натпревари со играчи од академијата ќе продолжи уште да расте.

Последниот натпревар во кој немало играч од академијата во тимот бил против Шефилд Веднесдеј и бил одигран на 23 октомври 1937 година кога на клупата на „Ѓаволите“ седел Волтер Крикмер.

Од тогаш клубот изгради репутација за развој на млади играчи, а најистакнат пример за тоа се популарните „Базби Бејбс“ на Мет Базби, како и светски познатата „Генерација 92“ во која спаѓаа Рајан Гигс, Пол Сколс, Дејвид Бекам, Ники Бат и браќата Невил.

Утре Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ е домаќин на Бенфика и многу е веројатно 3.883 натпревар по ред да има млад играч во составот.