Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибра и на 35 години прави чуда на теренот.
Дури 24 погодци во 36 натпревари за тимот на Јунајтед оваа сезона, доволно зборуваат за тоа колку Ибра е подготвен.
Покрај редовните тренинзи со остатокот од тимот, тој вклучи во програмата и тежок аеробик, дополнително истегнување и вежбање на боречки вештини.
Наводно ги побарал сите рекорди за издржливост кои на сите поранешни играчи на Јунајтед ги надмина.
„Верувам дека може да игра уште 5 години. Исто направи и Недвед. Форсираше, жестоко тренираше, а потоа на 37 години се пензионираше. Не е во прашање физичката подготвеност, туку желбата.“
Со оглед на тоа во каква физичка и психичка состојба се наоѓа, сигурно е дека оваа легенда во светскиот фудбал уште неколку години ќе ја гледаме на теренот.
Дали тоа ќе биде во Англија или на друго место, ни останува да видиме.