Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Ѓоковиќ оваа сезона стигна конечно до титулата на Ролан Гарос, но и до неколку рекорди.
Новак продолжи со одличните игри и во 2016-та година, па во првите 10 месеци дојде до 7 титули(Доха, Австралијан Опен, Индијан Велс, Мајами, Мадрид, Ролан Гарос, Роџерс куп).
Ѓоковиќ исто така заработи и најмногу пари на АТП турнејата. Освојувачот на 12 Грен Слем титули во оваа сезона заработи повеќе од 11 милиони долари. На второ место е Енди Мареј со 7.9 милиони долари.
Следат Вавринка со 5.5, Нишикори со 3.7 и Раониќ со 3.6 милиони.
Легендарниот Федерер заработи само 1.5 милиони долари, но и играше само на 7 турнири во 2016-та.