Неверојатниот Суарез го надмина и Роналдо


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Екипата на Барселона во саботата доживеа изненадувачки пораз на домашен терен од Алавес (2:1) во 3 коло во Ла Лига.

Каталонската екипа одигра очаен натпревар пред домашните навивачи, а Алавес со одлична игра и тактика на крајот стигна до целиот плен.

Сепак, Луис Суарез овој меч ќе го памети по убаво, бидејќи ова беше негов 100 настап за Барселона.

Суарез го собори рекордот на Кристијано Роналдо по учинокот за својот клуб во првите 100 настапи.

Имено, Португалецот за Реал Мадрид во првите 100 натпреври постигна 95 голови и запиша 29 асистенции, што значи дека директно учествуваше во 124 голови на кралскиот клуб.

Сепак, иако Суарез не успеа да ја затресе мрежата на Алавес успеа да го надмине Роналдо. Суарез во 100 натпревари за Барселона постигна 88 голови, и забележа 43 настапи и директно учестуваше во 131 гол за Каталонците.