Неверојатно: Данците газат сè по ред, но може да останат без борба за медали!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска одмораат репрезентациите на Светското првенство во Германија и Данска, а утре ќе ги дознаеме последните два патника во полуфиналето, каде што пласман веќе обезбедија Франција и Германија.

Данска доминира на првенството, но постои можност да испадне од трката за првите четири позиции. Тие се единствени со седум победи на седум натпревари, но еден пораз може да им ги расипе плановите.

Данска во 20.30 часот утре игра против Шведска, а доколку Швеѓаните слават во натпреварот, а Норвешка ја победи Унгарија, тогаш ќе се создаде круг од три селекции и ќе решава гол-разликата.

Данска има четири гола повеќе од Норвешка, додека Норвешка има три повеќе од Шведска. За да испадне Данска, ќе треба Шведска да победси со шест или повеќе голови разлика.