Невиден малер: Дел Потро нема да настапи на Австралијан Опен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро нема да настапи на првиот грен-слем турнир во 2019 на Австралијан Опен, кој почнува на 14 јануари.

Дел Потро е надвор од тениските терени поради повреда на коленото, а иако е задоволен од рехабилитацијата, сепак нема да може да се врати на теренот во Мелбурн.

„Им посакувам на сите одлична 2019 година. Рехабилитацијата се движи во одличен правец и подоцна ќе ви кажам кога ќе се вратам на теренот. За жал тоа нема да се случи на Австралијан Опен“, напиша Дел Потро.

Аргентинецот двапати стигна до четвртфиналето во Мелбурн (2009 и 2012), а единствената грен-слем титула ја освои во 2009 година на Ју-Ес Опен.