Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Јувентус за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го доби најтешкиот противник од второпласираните екипи од групната фаза.
Италијанците ќе вкрстат со тимот на Атлетико Мадрид и ќе мора сериозно да се помачат за да обезбедат пласман во четврт-финалето.
„Немавме многу среќа. Атлетико е тежок тим за соочување, тие негуваат италијански стил на фудбал многу повеќе отколку европски стил. Атлетико има силна одбрана која игра доста време заедно и знаат како да играат во нападот каде го имаат Гризман.
Гледам два еднакви натпревари со само неколку гола. Го извлековме најтешкиот можен противник, но тоа не треба да е проблем за нас“- истакна Недвед.