Некогашниот играч за Реал им се фрли на Кралевите: Еднаш да прашавте како сум …?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Хесе Родригез даде интересно интервју за шпански АС во кое се присети на деновите минати на „Сантијаго Бернабеу“.

Некогаш Хесе важеше за наследник на Роналдо, но за него се отиде по вода откако доживеа тешка повреда на преднитре вкрстени лигаменти. Од тогаш, Хесе повеќе не е истиот играч и неговата кариера е во константен пад.

Од Реал Хесе замина во ПСЖ, каде не се снајде, па беше на позајмици во Стоук и Лас Палмас. Во последната година не одигра ниту еден натпреварувачки меч, се уште е член на ПСЖ, но не е регистриран за официјалните натпревари.

За се по малку зборуваше Хесе, но најинтересен дел од интервјуто беше оној дел кој се однесуваше за деновите минати во Мадрид, поточно за тоа како некогашните соиграчи го разочарале.

„Дури кога ќе го напуштите клубот, сфаќате многу работи. Не е ова критика, секој има право да прави што сака, но морам да кажам дека мислев дека во соблекувалната на Реал имам пријатели. Се испостави дека не сум бил во право. Тоа се лоши луѓе, не се веќе мои пријатели бидејќи престанаа да ми одговараат на пораките кои им ги испраќав. Никој никогаш не ме праша како сум“, се пожали Хесе.

Инаку, тој и надвор од фудбалскиот терен е прозван за многу грди работи во последните години. Освен што има болно дете кое одвај остана живот, се раздели и од сопругата.