Некогашниот напаѓач на Вест Хем е нов член на Чапекоенсе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на Вест Хем Велингтон Паулиста е нов играч на бразилски Чапекоенсе.

Овој 32-годишен фудбалер во редовите на Чапе доаѓа на едногодишна позајмица од Флуминензе со кој е врзан за договор.

„Ќе дадам се од себе за овој клуб. Се плашев дека ќе дојдам и ќе видам играчи кои нема да бидат посветени на тимот после трагедијата која се случи. Познавајќи ги играчите кои се сега во клубот, верувам дека многу ќе бидат посветени, а јас ќе се потрудам да постигнам што повеќе голови“, рече Паулиста.

Овој напаѓач позади себе има богата кариера. Во Европа ги носеше дресовите на Алавес и Вест Хем, каде што меѓутоа не запиша официјален настап.

Во Бразил ги носеше дресовите на многубројни екипи, а најмногу покажа во дресот на Крузерио каде што постигна 32 гола во 86 настапи.

Да потсетиме, бразилскиот клуб на крајот на ноември во минатата година доживеа голема трагедија во авионска несреќа во Колумбија каде што загинаа 19 играчи, како и комплетниот стручен штаб.