Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајца фудбалери повторно ќе бидат слободни во јануарскиот преоден рок.
Менаџерот на Кардиф Нил Ворнок потврди дека Маруан Шамак и Киран Ричардсон ќе го напуштат тој клуб по истекот на договорот во јануари 2017 година.
И Чамак и Ричардсон неодамна потпишаа краткорочни договори, но не ги исполнија очекувањата па во зимскиот преоден рок ќе мораат да пронајдат нови клубови.
„Зборував со нив, многу е важно се да решиме, да пронајдеме вистинско решение до крајот на годината. Сеуште не гарантирам со сигурност, но верувам дека тие сепак ќе заминат во оваа зима“, рече Нил Ворнок.
Да потсетиме, Шамак играше за Арсенал од 2010 до 2013 година, а подоцна го напушти Вест Хем и Кристал Палас, додека Ричардсон од 2002 до 2007 година настапуваше за Јунајтед, а после за Сандерленд, Фулам и Астон Вила.