„Немаше понуди од Кина за Роналдо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид не доби официјална понуда од Кина за Кристијано Роналдо, рече денеска Флорентино Перез кој не ја исклучи опцијата дека имаше контакт со еден од неговите соработници.

Португалскиот агент Хорхе Мендеш неодамна рече дека Кристијано Роналдо е на мета на еден неименуван кинески клуб и дека има понуда до Роал тешка дури 300 милиони евра, а Роналдо по сезона би заработувал ричиси неверојатни 100 милиони евра.

Сепак, Флорентино Перез се одлучи да ги демантира овие наводи.

„Реал Мадрид не прими ниту една понуда. Можно е нешто да се случувало бидејќи за Роналдо беа заинтересирани многу тимови, но нас не ни стигна понуда“, рече Перез.

Да потсетиме дека Роналдо неодамна го продолжи договорот со Реал до лето 2021 година.