Немања Матиќ со предупредување за своите играчи по нерешениот исход кај Стоук


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Српскиот интернационалец, смета дека неговиот тим треба да ги победува тимовите како Стоук Сити, ако сакаат да бидат шампиони.

По трите победи во првите три кола, тимот на Мурињо, го имаше првиот посериозен тест вчера кај Стоук.

Стоук сити поведе со 1-0, но Рашфорди Лукаку го свртеа натпреварот, а Чупо Мотинг со својот втор гол за Стоук ги постави конечните 2-2.

Зборувајќи за клупскиот ТВ канал, Немања Матиќ, поранешниот шампион во Премиер Лигата, открива:

„Сакам да бидам искрен, секогаш кога играте против Стоук, тоа е тежок натпревар, тешко е да се освојат сите бодови на овој стадион“. – Рече Матиќ.

„Стоук е добар тим, имавме водство, но на крајот освоивме само еден поен“.

„Ако сакаме да бидеме шампиони, мора да ги победуваме тимовите како Стоук“.

„Секако дека не сме среќни со само еден бод, сакаме да бидеме шампиони, а во таквите натпревари како денеска треба додатно да бидеме мотивирани, за да стигнеме до победата.“ – Заврши Матиќ.