Нема дилеми: Роналдо убедливо најплатен во Италија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанската Серија А е позната по тоа што играчите не добиваат големи годишни плати за разлика од останатите европски лиги. Сепак, со пристигнувањето на Кристијано Роналдо тоа се промени.

Роналдо во Јувентус стигна од Реал Мадрид за 104 милиони евра, а Португалецот доби неверојатна плата и ќе заработува годишно 31 милион евра.

Еден од најдобрите играчи во светот е далеку пред останатите ѕвезди во Серија А, зашто второпласираниот Гонзало Игуаин ќе заработува „само“ 9,5 милиони евра.

Миралем Пјаниќ е четврти со 6,5 милиони евра, а Пауло Дибала е трет со седум милиони евра.

Потоа на листата се Мауро Икарди и Един Џеко со плата од 4,5 милиони евра, а во топ десет се наоѓаат уште Даглас Коста, Џанлуиџи Донарума, Леонардо Бонучи, Емре Џан и Лоренцо Инсиње.