Нема друго разумно решение: Нејмар мора да се пакува и замине од ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ се наоѓа во огромен проблем поради непочитувањето на финансискиот фер плеј.

УЕФА покрена уште една истрага за да утврди на кој начин сопствениците од Катар ги внесуваат парите во парискиот клуб, а многумина тврдат дека прашање е момент кога ќе се принајде нешто и ќе се покрене сериозен егзодус.

Имено, Французите во тој случај итно би морале да ги продадат своите најскапи ѕвезди, а прв на листата е Нејмар.

Тој како што се наведува иразил желба да се врати во Барселона, се кае поради преминувањето во ПСЖ, но многу добро е платен за да молчи.

Во меѓувреме се појави Реал кој го сакаше уште кога Бразилецот ја напушташе Барселона, во Мадрид сметаат, дека овој трансфер е добар мост за навивачите да не бидат незадоволни поради директниот трансфер на „Камп Ноу“.

Откупната клаузула изнесува 200 милиони евра што „Кралскиот клуб“ може да си дозволи да плати, но проблемите во Париз можат и да ја спуштат цената.