Нема зима за него: Легендарниот Питер Крауч прави повторно кам бек во Премиер лигата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Англија, Питер Крауч кариерата ќе ја продолжи во Барнли.

Легендарниот напаѓач во текот на кариерата настапуваше за Астон Вила, Квинс Парк Ренџерс, Тотенхем, Саутемптон, Портсмут и Ливерпул, последните години е во Стоук, но иако клубот испадна во понискиот ранг, на корпулентниот голгетер му се отвори уште една шанса да настапува во елитниот ранг.

Тој ќе биде дел од трансферот за Сем Воукс, кој од „Тарф Мур“ ќе се пресели на „Британија“ во Стоук гледаат за Велшанецот враќање во Премиер лигата.

Крауч оваа сезона во суштина влегуваше во игра од клупата, но собра 23 настапи во Чемпионшип, постигна еден погодок и запиша една асистенција.

Вистинска легенда е на Премиер лигата, играч со најмногу постигнати погодоци со глава, во историјата на натпреварувањето, еден е од 28те напаѓачи кои во елитниот ранг на англискиот фудбал постигнале 100 или повеќе погодоци, а го држи рекордот со најмногу настапи од клупата во Премиер лигата.

Вчера го прослави 38. роденден, но се уште не го дал последниот збор во Премиер лигата, останува да видиме како ќе се снајде кај Шон Дајч, и дали на Барнли ќе им помогне да изборат опстанок во елитата.