„Нема повеќе да играм за Турција!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арда Туран беше исфрлен од репрезентацијата откако направи инцидент на аеродромот во Скопје.

Туран прво вербално, а потоа и физички нападна еден турски новинар пред полетувањето за Италија. Откако страстите се смирија, тој го напушти авионот, а потоа ФС на Турција објави дека играчот на Барселона е исфрлен од тимот.

„Ја напуштам репрезентацијата, нема повеќе да играм за Турција. Тешко ми е да ја донесам таа одлука и многу сум тажен, но работите се такви какви што се. Играв за сите категории на оваа репрезентација, ја сакам својата татковина, но ова е крајот.“