Нема повеќе дилеми: Рикардо останува во Ред Бул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот возач Даниел Рикардо, кој е желба на голем број тимови, најверојатно ќе остане во Ред Бул по завршувањето на сезонава.

Рикардо има договор со Ред Бул до крајот на сезоната, а за него интерес покажаа Мерцедес, Ферари и Мекларен. Австралијанецот сакаше да види какви можности му нудат и останатите екипи, пред да се посвети на неговата екипа.

Од Ред Бул кажаа дека сакаат да го задржат Рикардо, но дури сега му понудија нов договор.

Пред големата награда на Австрија, Рикардо и уште едно извршно лице од управата на австрискиот тим најави продолжување на соработката.

„Ништо не е договорено, но блиску сме. Наскоро ќе биде продолжена соработката“, кажа Рикардо.