Нема повеќе место во Мадрид – Флорентино отпишува фудбалер?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зидан сака да остане во тимот, но претседателот има сосема друга идеја.

Иско нема да го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Иако Зидан му дава шанса и верува дека заслужува да биде дел од тимот, изгледа дека од тоа ќе нема ништо.

Шпанецот заработува само 2.5 милиони евра по сезона и сигурно нема да го продолжи договорот со тие услови.

Од друга страна, Перез не смета дека станува збор за важен фудбалер, ниту дека ќе го стави во категоријата на тие кои би можеле да добијат поголеми примања.

Поради тоа, летото е шанса да се заработат пари на овој фудбалер.

Во овој момент, со оглед на бројот на клубови кои го следат, а тука се Ливерпул, Јувентус, Милан, Арсенал и Тотенхем, се очекува дека неговата цена ќе биде поголема од 30 милиони евра.