Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После натпреварот ми пријде Буфон, ми го честита првиот трофеј во кариерата. Тоа е тоа чувство кое неможам да го опишам“ – вели одличниот голман на Милан, Донарума.
Има само 17 години а брани како искусен стар голман.
За него добар е премалку, Џиџи е фантастичен голман!
Кога немаш ни 18 години, а веќе имаш важна функција во еден голем фудбалски тим со богата историја, кога скокаш со раце и нозе за да ја спречиш топката да влезе во гол со цел да го вратиш тимот на старите патишта, сигурно си посебен. Така Донарума вчера донесе трофеј во витрнините на Милан. Одбрани пенал на Дибала и Манџукиќ, им го одзеде трофејот на целиот тим Јувентус и му донесе на Милан прв официјален трофеј после цели 5 години.
Не само што 120 минути се бореше со сите сили да не прими гол, туку и во пенал серијата го сопре ударот на Дибала и така го најави трофејот. „Ова е неопишливо чувствто, никогаш нема да го заборавам“ – беа зборовите на Донарума утрово во 5:30 кога играчите слетаа во Милано.
Фудбалерите на Милан беа пречекани од скоро 50 навивачи кои не го криеја своето задоволство. „Чест е да се носи овој дрес. Го бакнувам грбот бидејќи од мали нозе навивам за Милан. Мојот сон се оствари“ – беа зборовите на Донарума.
Споредби со Буфон има, а Донарума и никогаш не криеше дека Буфон е неговиот идол.
„По натпреварот, Буфон ми пријде, ме гушна силно и ми го честита првиот трофеј. Многу работевме за да го постигнеме тоа што го постигнавме во Доха и среќни сме. Победата е награда за сиот вложен труд“ – изјави Донарума.
17 години, а веќе херој во тимот, ако остане вака за неколку години, Џиџи ќе биде и вистинска икона во Милан.