Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американската тенисерка Серена Вилијамс реши да ја заврши сезоната, откако го откажа настапот на турнирот во Пекинг, кој почнува на 29. септември.
Бидејќи нема никакви шанси да се пласира на завршниот турнир, тоа значи дека Вилијамс со откажувањето на настапот во Пекинг, ја заврши сезоната во која одигра само 24 натпревари.
Финалето на Ју-Ес опен ќе остане последен дуел за Вилијамс сезонава, а интересно е тоа што во претходните години ја завршуваше сезоната по турнирот во Њујорк.
Последенпат кога Вилијамс играше после тој турнир беше во 2014. година кога го освои Сингапур.
Вилијамс годинава се врати на тенисот, по породувањето минатиот септември, а не успеа да освои ниту еден грен-слем трофеј, иако играше две финалиња на Вимблдон и Ју-Ес опен и двете ги загуби.