Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем хаос владее во Интер веќе со денови откако беше соопштено дека Мауро Икарди повеќе не е капитен бидејќи одбива да потпише нов договор.
Сагата околу новиот договор на Икарди со Интер трае веќе со месеци, а очигледно е дека челниците на клубот од „Меаца“ тоа повеќе не сакаат да го толерираат. На Икарди му беше одземена капитенската лента, а потоа тој одлучи дека не сака да игра во мечот против Рапид што уште повеќе ги налути навивачите на Интер.
На голем удар се најде и неговата поубава половина Ванта Нара која исто така е и негова менаџерка. Сите ја обвинија Ванда дека е најголем виновник за моменталната ситуација во која се наоѓа Икарди, и дека таа најмногу влијае околу новиот договор на аргентинскиот напаѓач.
Тоа очигледно го мислат и навивачите на Интер бидејќи Ванда синоќа доживеа вистинска драма. Имено, непознати лица почнале да маваат со камен во автомобилот во кој биле Ванда и нејзините деца. Тоа се случило во близина на стадионот на Интер, а полицијата брзо реагирала.
Стаклата на автомобилот на Ванда речиси се уништени, но за цела среќа никој не е повреден. Полицијата брзо реагирала, но се уште не се знае идентитетот на напаѓачите на сопругата на Икарди.